Top Sport

Верижен судир на 21 автомобил, за среќа нема повредени (Видео)

Пол Менар предизвикал верижен судар на престижната НАСКАР трка Дејтона 500. Трката, за која Американците велат дека е една од најбизарните на оваа патека, ја завршиле 14 автомобили.

Два верижни судири се случиле во текот на трката, поради што истата прекината два пати по 40 минути. Во инцидентот што го предизвикал Менар кога удрил во возилото на Мет Ди Бенедето учествувале 21 возило.

Настанал вистински хаос на патеката, на сите страни летале делови на автомобили, а чудо е што никој не е повреден.

Трката завршила со победа на Дани Хамлин.

Scroll to Top