Поранешниот возач на Торо росо во Ф1, Французинот Жан-Ерик Верњ стана четвртиот Формула Е шампион во исто толку сезони, откако петтото место на Њујорк Е-при трката му беше доволно да ја запечати титулата на една трка до крајот на шампионатот.
Во драматична трка во Бруклин, Верњ стартуваше од последното место поради технички прекршок на квалификациите.
„Не ми се верува, каква луда трка, каков луд финиш. Не знам што значи да се биде шампион бидејќи ми е потребно време да го сфатам тоа, но чувството е навистина добро. Уживав цело време“, вели 28-годишниот Верњ, кој победата ја посвети на својот починат пријател, Жил Бјанки кој го загуби животот по судир на Јапонското ГП во Ф1 во 2014 година.
Тој се натпреваруваше во Ф1 од 2012 до 2014 година како дел од јуниорската програма на Ред бул, освојувајќи 51 поен во 58 старта.
Борбата за победата во Њујорк исто така беше интересна. Себастиен Буеми, уште еден ексФ1 возач ја имаше пол-позицијата, но во текот на целата трка беше под притисок на Даниел Абт и Лукас ди Граси, актуелниот шампион, кој на крајот ја освои победата.
Emotional moment as @JeanEricVergne dedicates his championship win to his old friend, @Jules_Bianchi #JB17 pic.twitter.com/zQg00cHgzW
— ABB Formula E (@FIAFormulaE) July 14, 2018