Полу-пензионираната рели ВРЦ легенда, Себастиен Леб стигна до својата прва победа по повеќе од пет години во драматичната завршница на Каталонското рели во неделата.
Деветкратниот рели шампион, кој го имаше последното „гостување“ во шампионатот со Ситроен, успеа да го победи актуелниот шампион, францускиот сонародник Себастиен Ожие за 2.9 секунди по четири дена тркање во Каталонија. Утеха за Ожие ќе биде тоа што сега е нов лидер во генерален пласман со три поени пред Тјери Нојвил, кој заврши на четвртото место откако удри во карпа во финишот на трката.
44-годишниот Леб, кој се повлече од натпреварувањето во 2012 година за да се фокусира на Дакар релито, последен пат беше победник во Аргентина во 2013 година. Тој беше само трет пред последниот ден, но дојде во водство со победа на првите две неделни асфалтни етапи, по што успеа да ја сочува предноста.
„Да се победи по речиси шест години е апсолутно неверојатно, но да се направи по ваква битка, кога треба да чекаш по финишот да дознаеш каде си завршил е уште поневеројатно. Не ми се веруваше дека ова беше можно“, вели Леб.
Пресметката за Рели ВРЦ титулата оваа година ќе се одржи на Австралиското рели на земја во Кофс Харбор од 15 до 18 ноември.
Фото: ЕПА