Возачот на Дукати, Франческо Бања, ќе стартува од пол-позицијата во спринт трката во сабота, како и главната трка во недела во Мизано.
Најбрзиот круг го извозе Бањаја со време од 1:30.304. Тоа е и нов рекорд на патеката во Мизано. Лидерот во генералниот пласман Хорхе Мартин го зазеде четвртото место (+0,341) во квалификациите.
Помеѓу нив двајца се Франко Морбидели (Прамак Дуакти) на второто место (за прв пат во првиот ред по три години) и Марко Бецецки (ВР46) на третото место.
Петтото место го зазеде Педро Акоста (ГасГас КТМ), пред Алекс Маркез (Гресини Дукати) и Енеа Бастианини (Дукати).
На околу три и пол минути Марк Маркез (Гресини) излета од патеката, но не беа покажани жолти знамиња. Маркез веднаш стана и се е во ред со него, но моторот е оштетен. Марк не успеа да освои подобро место од деветтото во квалификациите. Фабио Квартаро (Јамаха) стартува десетти.
Спринт трката во Мизано започнува во 15 часот, главната трка в недел аќе стартува во 14 часот.
A costly one 💥😱@marcmarquez93 has gone down at T15 and he's now down in 9th ⚠️#SanMarinoGP 🇸🇲 pic.twitter.com/0nMSZJtUDG
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) September 7, 2024