Top Sport

Видео-доказ дека крилото на Мерцедес се „витка“ повеќе од тоа на Ред бул

Последните недели во Формула 1 покрај интересната борба на Мерцедес и Ред бул, односно на Луис Хамилтон и Макс Ферстапен на патеката, се одвива и сосема поинаква, „легална“ битка меѓу двата тима за различни прекршувања на правилата околу флексибилноста на крилата на нивните болиди.

Мерцедес најави протест на Азербејџанското ГП откако ФИА реши да го забрани задното подвижно крило на Ред бул, но само од трката во Канада, на што од Ред бул ги обвинија ривалите дека нивните предни крила се далеку пофлексибилни од дозволеното.

Новите снимки од двата болиди на трката во Португалија минатиот месец даваат на сила на аргументите на Ред бул, иако шефот на Мерцедес, Тото Волф изјави дека добиле потврда од ФИА дека нивното предно крило е „апсолутно легално“. Сапуницата секако ќе продолжи…

Мерцедес се заканија со протест во Баку за крилото на Ред бул

Scroll to Top