Андреа Довициозо го намали водството на лидерот во генерален пласман во Мото ГП шампионатот, Марк Маркез, откако го победи во последниот круг по епската борба на дождот во Мотеги, Јапонија.
Трката се претвори во борба на двајцата ривали за титулата, како реприза на борбата од Шпилберг, Австрија, оваа година, кога исто така возачот на Дукати, Довициозо беше подобриот.
Асот на Хонда, Маркез изгледаше во предност додека не направи грешка на осмата кривина во последниот круг дозволувајќи му на Довициозо да се доближи и да го помине во 11. кривина. Слично како и во Австрија, Маркез се обиде да го помине италијанскиот ривал во последната кривина, меѓутоа Довициозо остана напред со предност од само 0.249 секунди. Разликата на три трки пред крајот сега е само 11 поени за Шпанецот.
Данило Петручи, откако водеше во првите кругови од трката, заврши на третото место со сателитискиот Прамак Дукати тим, пред двојката на Сузуки, Андреа Јаноне и Алекс Ринс. Хорхе Лоренцо го помина освојувачот на пол-позицијата, Јохан Зарко во финишот на трката, за да го освои шестото место, додека Алеш Еспархаро беше седми, пред Зарко.
Јамаха имаше кошмарна домашна трка откако Маверик Вињалес беше деветти, а Валентино Роси излета во шестиот круг додека беше исто така на деветтото место.
How did Dovizioso do THAT?
Watch how the epic battle between Dovizioso and Marquez in the final lap unfolded again!#JapaneseGP #MotoGP pic.twitter.com/8ZOjidwpGI
— FOX Sports LIVE! (@FSAsiaLive) October 15, 2017