Top Sport

(Видео) За малку хорор-судир во Формула 2

Францускиот Ф2 возач, Виктор Мартинс доби (преблага) казна со поминување во бокс, откако на трката во Монако за малку ќе предизвикаше катастрофа со тоа што не ги почитуваше правилата за жолти знамиња.

По еден судир на тесните улици на кнежевството, стјуардите им наредија на возачите да бидат внимателни и да ја намалат брзината додека работниците не го отстранат болидот, но Мартинс не успори и само неговите рефлекси спречија катастрофа, откако тој помина за влакно до работниците.

Scroll to Top