Top Sport

Вилијамс го финализираат договорот со Сироткин

Вилијамс се на чекор до комплетирање на договорот со Русинот Сергеј Сироткин за новата сезона, уништувајќи му ги надежите на Роберт Кубица дека може да направи кам-бек во спортот, јавува „Би-би-си“.

22-годишниот Сироткин, кој со себе носи спонзори вредни 15 милиони евра, беше побрз од Кубица на тестирањето во Абу Даби, а ако добие шанса заедно со 19-годишниот Ленс Строл, Вилијамс ќе го има најнеискусниот состав во Формула 1.

Вилијамс планираа да му дадат шанса на Кубица се врати во Ф1 по седум години откако Полјакот доби сериозна повреда на раката при судир во рели трка во февруари 2011, но интересот „замре“, откако Сироткин со себе донесе големи спонзори.

 

Scroll to Top