Top Sport

Вилијамс до Мекларен: Немој да ни ги крадете спонзорите

Заменикот шеф на тимот на Вилијамс, Клер Вилијамс им се закани на ривалите од Мекларен дека ги очекува „голема борба“ доколку се обидат да привлечат дел од спонзорите на тимот од Гроув.

Тимот на Мекларен се во процес на „обнова“ на својата репутација по трите слаби сезони со Хонда, и неодамна ги најавија Петробрас како еден од своите спонзори, иако уште остануваат без главен спонзор.

Вилијамс од друга страна, добија удар откако долгогодишниот спонзор Мартини потврди дека заминува од Ф1 на крајот на 2018 година. Шпекулациите во британските медиуми велат дека Мекларен се обидува да привлече дел од другите спонзори на Вилијамс.

„Мислев дека Мекларен и Вилијамс имаа договор никогаш да не прават такви работи? Сигурна сум дека Френк Вилијамс и Рон Денис имаа таков договор. Знаеме дека ова е цврст бизнис, секој се грижи за своите интереси, нели? Од наша гледна точка, треба да завршиме доволно добра работа за нашите партнери да не посакаат да одат во друг тим. Тоа е нашата одговорност. Ако си заминат, тогаш не сме успеале. Зек Браун може да се обиде да ги влече нашите спонзори, но го очекува голема борба. Не се предавам така лесно. Спонзорите се нашиот живот“, вели Клер Вилијамс.

Фото: ЕПА

Scroll to Top