Формула 1 технологијата честопати доаѓа и до „обичниот смртник“, најчесто преку неговиот автомобил, но сега Вилијамс Ф1 се пофали дека нивната технологија ќе се користи во британскиот синџир на супермаркети „Сенсбјурис“.
Компанијата објави дека ќе имплементира „аерофоил“, аеродинамичката технологија од крилото на Вилијамс Ф1 во своите 1.400 продавници во Велика Британија за да се намали енергијата која ја користат нивните фрижидери за 30 проценти.
Според „Вилијамс адвансд инженеринг“, со ова ќе се заштедат невеорјатни 44 киловат-часови годишно. Дизајнот на „аерофоилот“ на „Сенсбјурис“ е инспириран од задното крило на болидот на Вилијамс и тој веќе е тестиран во над 50 продавници.
„Формула 1 е најдобрата платформа за истражување и развој на технологии кои можат да се користат далеку од тркачката патека“, вели генералниот директор на „Вилијамс адвансд инженеринг“, Крег Вилсон.