Top Sport

Вилјаш-Боаш се откажа од релито Дакар

Поранешниот португалски фудбалски стратег Андре Вилјаш-Боаш го заврши учеството на релито Дакар. Португалецот за време на четвртата етапа имал судар поради што е хоспитализиран.

Поранешниот тренр на Академика, Порто, Тотенхем, Челси, Зенит и Шангај СИПГ, минатиот август ја изненади спортската јавност кога реши да ја прекина успешната кариера во фудбалот и да се префрли во автомото спортот.

На легендарното рели Дакар тој возеше „Тојота Хилукс“, а негов совозач беше Рубен Фарија.

Вилјаш-Боаш за време на етапата од Сан Хуан де Макрон во Перу, со својот автомобил удрил во песочна дина, а потоа поради болите во грбот морал да биде хоспитализиран.

„Андре заврши в болница поради повреда на грбот. Неговиот настап на релито Дакар беше добар, но тој немаше среќа“, рекол директорот на „Тојота Овердрајв тим“, Жан-Марк Фортан.

Релито Дакар годинава се од Лима во Перу низ Боливија и Аргентина, каде ќе заврши откако ќе бидат извозени 14 етапи. Целта е во Кордоба.

По четири етапи кај автомобилит води Стефан Петерхансел (Пежо), пред клупскиот колега Себастијан Леб и уште еден од тимот на Пежо, Карлос Саинц.

Во конкуренција на мотори води Андријен ван Беверен (Јамаха), а го следат Пабло Квинтанила (Хускварна) и Кевин Бенавидес (Хонда).

Scroll to Top