Top Sport

Вилнев: Да го удреше Ботас, Раиконен ќе добиеше помала казна

Поранешниот светски шампион, Жак Вилнев верува дека Кими Раиконен добил построга казна на Британското ГП бидејќи се удрил со Луис Хамилтон, а не со колегата на Британецот, Валтери Ботас.

Раиконен доби 10-секундна казна за ударот на Хамилтон на стартот на трката, додека неговиот колега Себастијан Фетел доби 5 секунди казна за судир со Валтери Ботас на стартот на Француското ГП, по што Хамилтон и Мерцедес ги обвинија Ферари дека намерно се удираат во нивните возачи.

Вилнев вели дека ова ја покажува непостојаноста на правилата во Ф1.

„Не сфаќам зошто Раиконен доби 10 секунди, а понекогаш за такво нешто е пет секунди, а понекогаш ништо. Тоа е погрешно. Се работи за тркање и не треба да има такви казни. Казните се тука за валкано возење или глупаво возење. Но, бидејќи е Луис, и трката беше во Велика Британија, тоа вреди 10 секунди. Да беше Ботас ќе беше пет секунди“, вели Вилнев.

Канаѓанецот, кој освои титула со Вилијамс во 1997 година, верува дека на Хамилтон дури му помогнал судирот.

„Без да се удреа, Хамилтон ќе останеше на третото место цела трка и никој немаше да го пушти. На крајот, вака беше подобро и заврши на второто место и треба да е среќен. Во никој случај немаше да победи на оваа трка“, додава Вилнев.

Сопругата на Кими: Ако сака да плаче, Хамилтон нека оди на балет!

Scroll to Top