Top Sport

Вилнев: Фетел ќе го „изеде жив“ Леклер ако му дадат шанса

Нова недела, нов контроверзен став на Жак Вилнев. Сега, светскиот шампион од 1997 година вели дека Ферари ќе направат голема грешка ако решат да го сменат Кими Раиконен и ќе го донесат Шарл Леклер да му биде колега на Себастијан Фетел.

Иако се верува дека Раиконен ќе добие барем уште една сезона, ова не е потврдено од Скудерија, а Леклер, талентираниот тркач од Монако кој оваа година настапува во тимот на Заубер, е еден од неговите најголеми конкуренти. Канаѓанецот смета дека ова би било голема грешка.

„Секако дека грешат, видете како добро вози Раиконен. Тој е трет во генерален пласман, честопати побрз од Фетел, а кога не е, за останува една десетинка ,а исто така е клучен и во развојот на болидот. Сега да ставите млад возач до Фетел? Што ќе направи тој? Ќе го изеде жив! Така или ќе го уништи талентот на младиот возач или целиот тим ќе заврши лошо“, вели Вилнев.

Тој вели дека Леклер треба да научи уште пред да оди во голем тим.

„Шарл уште прави грешки, така што му треба уште една година подготовки. Ферари не е тим за развој на млади возачи, туку е врвен тим, кој плаќа нивните возачи да се развиваат на друго место“, објаснува Канаѓанецот.

Scroll to Top