Top Sport

Вилнев: Кубица ги саботира возачите на Вилијамс

Поранешниот светски шампион, Жак Вилнев вели дека е можно Роберт Кубица намерно да се „игра“ со возчите на Вилијамс по катастрофалното Австралиско ГП за британскиот тим.

Ленс Строл и Сергеј Сироткин имаа катастрофален викенд во кој не беа ниту во игра за поените, а самиот Строл, инаку канадски сонародник на Вилнев, изјави дека во моментов тие „не се тркаат, туку преживуваат“.

Вилнев, кој во 1997 година ја освои својата титула токму со Вилијамс, се сомнева дека Полјакот Кубица, кој не успеа да добие место во тимот и наместо него тие се одлучија за Русинот Сироткин, намерно ги саботира колегите за да добие место.

„Тешко е да се процени ситуацијата во Вилијамс. Единствено нешто што може да го отвори потенцијалот на болидот беше Кубица, бидејќи Роберт е најдобриот од тројцата возачи. Тој исто така е и возач за развој и можно да го подесува болидот така да е многу тешко друг да го вози. Неговиот сон е да вози повторно, а не да биде трет човек, така што би сфатил да го прави тоа. И јас би го направил истото во таа ситуација“, вели Вилнев во интервју за „Скај Италија“.

Строл со критики за тимот: Вилијамс преживува, не се трка!

Scroll to Top