Top Sport

Вилнев: Вилијамс ја продадоа душата за милионите на Строл

Светскиот шампион од 1997 година, Жак Вилнев не го сменил мислењето за својот канадски сонародник, Ленс Строл и покрај неговите добри резултати во минатата Ф1 сезона.

На почетокот на сезоната, 19-годишниот Строл имаше низа на лоши трки, по што Вилнев го опиша како „најлошиот дебитант во историјата на Ф1“, но потоа тој стигна до првиот подиум во Азербејџан и имаше уште неколку пласмани во поени.

„Дури и Маса беше побрз од Ленс! Неговиот подиум во Баку воопшто не ме разубедува бидејќи тоа беше чиста среќа“, вели Вилнев.

46-годишниот Канаѓанец исто така има критики и за тимот со кој ја освои титулата во 1997 година, Вилијамс, бидејќи мислат само на парите. Вилијамс уште не одлучиле кој ќе вози за нив покрај Строл, но се верува дека Русинот Сергеј Сироткин има поголеми шанси од полскиот ветеран Роберт Кубица поради неговите спонзори.

„Тие веќе ја продадоа душата на милијардите на Лоренс Строл, кој се грижи само за кариерата на својот син“, објаснува Вилнев.

Scroll to Top