Top Sport

Вињалес со бизарен пад, мотоциклот се запали и предизвика прекин на трката во Шпилберг

Возачот на Јамаха, Маверик Вињалес имаше бизарен пад во 12. круг на ГП на Штаерска на патеката Шпилберг во Австрија, предизвикувајќи прекин на трката, откако буквално скокна од својот мотоцикл кој потоа се удри во оградата и се запали.

Првите вести зборуваат дека се работи за свесна одлука на Вињалес да скокне од мотоциклот поради „откажувањето“ на сопирачките.

Ова беше најлоша вест за убедливиот лидер на трката, Жоан Мир, кој имаш предност од 2.4 секунди пред Такаки Накагами и Џек Милер. Наскоро ќе следи рестарт на трката.

Инцидентот доаѓа една недела по застрашувачкиот инцидент на трката на истата патека во Австрија, кога Валентино Роси имаше среќа што остана жив.

На секунда до смртта, Валентино Роси им благодари на ангелите (видео)

Scroll to Top