Возачот на Јамаха Маверик Вињалес постави нов рекорд на патеката „Анхел Нијето“ во Херез меѓутоа приказна на денот е Марк Маркез кој шест дена по несреќата што ја имаше на истата патека и операцијата која му беше извршена на десната надлактица го возеше моторот на Репсол Хонда.
Вињалес успеа да го собори рекордот на патеката, неговиот најбрз круг изнесуваше 1:36.584 минути. Блиску до возачот на Јамаха беа победникот од минатата недела Фабио Квартараро и возачот на Прамак Дукати Џек Милер.
Квартараро имаше послаб резултат за 59 илјадити делови од секундата, а Милер задоцни за 67 илјадити делови од секундата.
Марк Маркез, во четвртокот доби дозвола од лекарите да се појави на патеката, тој ги пропушти вчерашните тренинзи, а денес на третиот тренинг го забележа 20 најбрзо време.
Chipping away at it! ?@marcmarquez93 is on the board in P18, just over a second off! ?#MM93Comeback | #AndaluciaGP ? pic.twitter.com/Y6w0xy1Nbf
— MotoGP™? (@MotoGP) July 25, 2020
Возачите во „кралската класа“ од 13.30 часот ќе го возат четвртиот тренинг, додека квалификациите се на програмата во 14.10 часот.
Трката за Големата награда на Андалузија во Херез се вози утре со почеток во 14 часот.