Top Sport

Виртуелен круг на патеката во Ханој (Видео)

Трката за Големата награда на Вијетнам премиерното издание ќе го има во април наредната година. Пилотите на тимовите што се натпреваруваат во Формула 1 ќе возат низ улиците на главниот град Ханој.

По тој повод Формула 1 објави виртуелна снимка, како изгледа еден круг на оваа патека.

Патеката во Ханој е дизајнирана од Херман Тилке, има должина од 5565 метри и 22 своици. Таа е инспирирана од некои култни патеки во Ф1, во некои делови наликува на Сузука, а на некои на уличната патека во Монте Карло.

Scroll to Top