Top Sport

Во Ферари нема прв и втор возач

Дали Ферари ќе донесе одлука кој од возачите (Шарл Лекер и Карлос Саинс) ќе има предност оваа сезона? Ова прашање се наметнува по првите три трки, во кои Леклерс освои 71 бод, 38 повеќе од Саинс.

Поранешниот возач на Ферари, Еди Ирвајн, во пресрет на трката за Големата награда на Емилија Ромања, на патеката „Енцо и Дино Ферари“, смета дека Леклер треба да биде број 1 во тимот.

„Да сум на местото на Матија Биното би дал јасни наредби, бидејќи и сега многу е тешко да се победи Макс Ферстапен. Тоа може да претставува проблем за Шарл, бидејќи Саинс, некогаш може да биде пред него на патеката. Лошо е кога имаш колега што може да ти одземе бодови. Од друга страна во исти околности Серхио Перез не може да го победи Ферстапен“, рекол Ирвајн за „Газета дело Спорт“.

Од друга страна, шефот на Ферари Матија Биното, го повтори ставот што го имаше и пред почетокот на сезоната. Двајцата возачи имаат дозвола да се тркаат на патеката.

„Тие имаат дозвола да се борат, тоа е важно за нас. За Карлос, мислам дека е вано да ја има брзината и темпото, мислам дека ќе се врати. Шарл, во моментов е концентриран, одлично вози. Минатата година беше важна за него, за неговиот развој“, рекол Биното.

Големата награда на Емилија Ромања ќе се вози во недела од 15 часот.

Scroll to Top