Top Sport

Во Ферари сигурни дека ја „избришале“ предноста на Ред бул

Во Ферари постои оптимизам дека италијанскиот тим успеал да ја „избрише“ предноста на Ред бул преку ДРС системот, за сега разликата меѓу двата конкуренти за титулата да биде „незначителна“.

Ферари и Ред бул ја почнаа сезоната 2022 со многу различни карактеристики на болидите, иако во просечните времиња на круговите немаше голема разлика. Ферари беа побрзи на спорите и „средните“ кривини, додека Ред бул имаа јасна предност на рамните делови. Но, како што се движеше сезоната, перформансите се „израмнија“ и Ферари беа исто толку брзи како Ред бул на рамните делови на Австриското ГП минатиот викенд.

Шефот на Ферари, Матија Биното смета дека новото задно крило кое се користеше на Канадското ГП на болидот на Шарл Леклер било клучно во „бришењето“ на предноста на ривалите.

„Заостануваавме во однос на Ред бул во брзината на рамните делови, посебно на ДРС зоните. Во однос на моќта на нивниот ДРС систем, ние работевме на тој дел и крилото кое го возеше Шарл во Канада ја намали разликата во однос на брзината. Можеби имаат мала предност, но мислам дека веќе е незначителна“, објаснува Биното.

Scroll to Top