Top Sport

Во најава револуционерни промени во Ф1

Формула 1 веќе долго време е „машина за правење пари“, а челниците на по секоја цена сакаат да приввлечат уште повеќе публика, за време на викендите.

Челниците на Формула 1 заклучиле дека квалификациите повеќе не влечат толку фанови, како што тоа беше случај во минатото, поради што размислуваат да го сменат системот на квалификации.

Предлогот е квалификациите да бидат претворени во спринт трка на 100 километри без ограничувања во горивото и гумите. Со каков поредок би завршил спринтот, така би стартувала главната трка.

Челниците на Ф1 веќе им го доставиле овој преглед на тимовите и секој од нив ќе има можност да го изнесе своето мислење.

Доколку предлогот добие „зелено светло“, измени во квалификациите ќе има од 2021 година.

Коментарите на фановите барем засега се поделени, некои сметаат дека идеата е генијална, а други дека ваквиот систем на квалификациите ќе ја уништи Формула 1.

фото: EPA

Scroll to Top