Шефот на Мерцедес Ф1, Тото Волф очигледно нема многу високо мислење за шпанскиот тркач Фернандо Алонсо, велејќи дека тој освоил само две светски титули во спортот само бидејќи бил алчен за пари и пропуштил големи можности.
„Алонсо без сомнеж е еден од најдобрите Ф1 возачи во историјата. Разочарувачки е што нема повеќе од две титули, но за да се случеше тоа требаше да знае дека е дел од универзумот и дека универзумот не се врти околу него. Некои играчи немаат мудрост, доаѓаат во центарот на вниманието и си мислат дека навистина се центар на универзумот. Никој од нас не е, сите сме сателити, планети кои ротираме“, вели Волф.