Минатиот викенд во Кицбил се одржа една од најславните скијачки трки на календарот, спустот во Кицбил, каде што честопати е виден Берни Еклстоун, но и други луѓе од Ф1 светот.
Токму таму шефот на Мерцедес, Тото Волф се сретна со Себастијан Фетел, возачот на Ферари и призна дека „сега сите ќе пишуваат дека Фетел доаѓа кај нас“.
„Реалноста е сосема поинаква. Јас сум Австриец, тој е Германец, но двајцата живееме во Швајцарија и сме соседи и пријатели. Сосема нормална ситуација“, вели Волф.