Top Sport

ВРЦ: Танак ги „прегази“ ривалите во Германија

Естонскиот ас на Тојота, От Танак стигна до три попладневни етапни победи на Германското рели, правејќи огромна предност пред ривалите во ВРЦ, Себастиен Ожие и Тјери Нојвил.

Танак по првиот ден на релито има 12.3 секунди предност пред Ожие, кој никако не успеа да го стигне Естонецот. Светскиот шампион остана далеку на втрото место откако постојано беше побрз од Нојвил и сега има 15 секунди пред Белгиецот.

Водечкото трио имаше трка далеку од ривалите, поради што возбудувањата беа во борбата за четвртото место. Елфин Еванс (М-Спорт Форд) има предност од само една секунда пред брзиот Јари-Мати Латвала, додека блиску се и Дани Сордо и Есапека Лапи.

ГЕРМАНСКО РЕЛИ, 1.ДЕН

1.От Танак (Ест) – Тојота 59:22.6

2.Себастиен Ожие (Фра) – Форд +12.3

3.Тјери Нојвил (Бел) – Хјундаи +27.4

4.Елфин Еванс (Бри) – Форд +37.8

5.Јари-Мати Латвала (Фин) – Тојота +38.8

Scroll to Top