Осум години откако замина од Формула 1 по обвинувањата дека сакал да ја намести трката во Сингапур во 2008 година, Флавио Бриаторе беше обвинет за слабата форма на Рено во шампионатот.
Рено се врати во Ф1 во 2001 со купувањето на тимот на Бенетон на Бриаторе, и тој остана генерален директор и шеф на тимот. Тој донесе две светски титули со Фернандо Алонсо во 2005 и 2006 година, но си замина во 2009 година откако Нелсон Пике Јуниор призна дека тој му наредил да се судри на Сингапур ГП во 2008 за да ги зголеми шансите Алонсо да стигне до победа.
Сега, една деценија подоцна, шефот на Рено Ф1, Сирил Абитебул вели дека Бриаторе е виновен за проблемите кои тимот ги има во хибридната турбо ера во која не можат да се борат со Мерцедес и Ферари.
„Вири-Шатијон е место каде што повторно градиме тим и каде што сите работиме заедно повторно. Денеска продолжуваме да ја плаќаме за одлуката на Флавио Бриаторе во 2007 да отпушти стотина луѓе кога беше решено да се замрзне развојот на моторите. Ние одевме назад, додека Мерцедес го ангажираше Илмор и инвестираше во иднината преку проекти кои беа предвидувани за Ф1“, се жали Абитебул во интервју со „Ауто ебдо“.