Top Sport

„Здодевно е што само Хамилтон победува“

Доминацијата на Луис Хамилтон станува здодевна, смета возачот на Ред Бул Макс Ферстапен. Според него време е за пробив на новата генерација возачи.

Британецот Хамилтон неодамна ја освои шестата титула во Формула 1. До крајот на сезоната остануваат уште две трки.

„Добро е за спортот пробив да направат младите возачи, се надевам дека наскоро ќе му го земеме приматот“, рекол Ферстапен и дополнил.

„Малку е здодевно што само Луис победува. Мораме да се обидеме да ги смениме работите. И тој старее, сигурно е дека ќа запре во еден момент. На крајот се зависи од тимот“, изјавил Холанѓанецот и дополнил.

„Мислам дека ние сме на вистинскиот пат. Според силата на моторот блиску сме до Мерцедес, тоа е ветувачки за наредната сезона“.

Формула 1 шампионатот продолжува наредниот викенд со трката за Големата награда на Бразил.

Scroll to Top