Жан Тод ќе биде ре-избран за претседател на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) третпат, откако ФИА потврди дека тој нема да има противкандидати.
71-годишниот поранешен шеф на тимот на Ферари, ја презеде позицијата од Макс Мозли во 2009 година и во 2013 година доби втор мандат. Гласањето за претседател ќе се одржи на годишното генерално собрание на 8 декември во Париз.
Ова значи дека Тод ќе биде задолжен за „турбулентниот“ период во Формула 1, по презмањето на спортот од американската компанија „Либерти медија“, и предлозите за нови мотори од 2021 година, кога завршуваат постојните договори со 10-те Ф1 тима.