Top Sport

Жан Тод: Михаел Шумахер будно ја следи кариерата на син му!

Легендарниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер веќе 7 години се рехабилитира од повредите здобиени при скијање во Швајцарија. Ретки се информациите поврзани со здравствената состојба на Германецот.

Неговиот пријател, Жан Тод вели дека редовно го посетува Шумахер во неговиот дом. Тој тврди дека Михаел ја следи кариерата на синот Мик која наскоро може да вози и во Формула 1.

„Секако дека Михаел будно ја следи кариерата на Мик. Младиот Шумахер од следната година многу веројатно ќе вози во Формула 1, што ќе биде голем предизвик. Беа воодушевени што ќе имаат нов Шумахер во ова натпреварување“ вели Тод.

Запрашан за здравјето на легендарниот Ф1 возач, Тод е секогаш воздржан.

„Тоа е прашање на кое секогаш ќе бидам екстремно резервиран. Го гледам Михаел често, еднаш или двапати месечно, но мојот одговор секогаш ќе е истиот. Се бори. Можеме само да му посакаме нему и на неговото семејство навистина да бидат подобри“ рече Тод.

Информациите се дека Шумахер се рехабилитира во луксузна вила на Мајорка.

Scroll to Top