Претседателот на ФИА, и поранешен шеф на Ферари, Жан Тод вели дека Ферари биле во многу полоша позиција кога тој го преземал тимот во 1993 година отколку сега, кога Скудерија стана предмет на потсмев на сопствените фанови.
Оваа сезона наместо да се борат за титула, победи и поени, Ферари се наоѓа во невообичаена борба во средината на теренот, борејќи се грчевито за секој поен. Шефот Матија Биното има поддршка од првите луѓе на италијанскиот тим, но е на удар на медиумите и фановите во Италија кои сметаат дека тимот нема правец на движење.
Тод најдобро знае што значи слабо Ферари. Во 1993 година тој пристигна од рели тимот на Пежо во тим кој немаше титула 14 години, и му беа потребни шест години да го изгради тимот во „златната ера“ на Михаел Шумахер.
„Имам многу добро разбирање за ситуацијата. Видов некои написи дека сега е исто како во 1993 година, но беше многу поразлично кога пристигнав во тимот. Искрено, би сакал да имам ситуација во каква што е сега Ферари и ќе ми беше многу полесно. Сега тимот има силна организација, и иако можеби некои делови не се најдобри. На Формула 1 е потребно да има силен тим на Ферари“, вели Тод.