Top Sport

100 години Јунајтед не доживеале ваков дебакл

Фудбалерите на Манчестер јунајтед, синоќа го комплетираа дебаклот против Ливерпул оваа сезона. „Црвените ѓаволи“ го забележаа најлошиот скор против еден тим во историјата на Премиер лигата.

Двата натпревари во Премиер лигата оваа сезона, Ливерпул ги доби со вкупни 9:0, на 24.октомври минатата година на „Олд Трафорд“, Луверпул победи со 5:0, шест месеци подоцна на „Екфилд“, резултатот беше 4:0.

Против ниту еден тим, во една сезона, Јунајтед не доживеале ваков дебакл од формирањето на Премиер лигата, односно од сезоната 1992/93.

Англичаните по натпреварот најдоа податок дека само еднаш во историјата Јунајтед имал полош скор од овој со Ливерпул.Тоа се случило пред 100 години, во 19 век, во сезоната 1892/93, кога двата натпревари со Сандерленд клубот ги загубил со 11:0.

Scroll to Top