Италијанските медиуми тврдат дека 11 клубови од Серија А пратиле писмо до Лега Серија А барајќи казна за Јувентус, Милан и Интер за вклученоста во проектот за Европската Суперлига, и покрај тоа што проектот пропадна по неполни 48 часа.
УЕФА веќе најави дека ќе воведе некакви казни за вклучените тимови, а според весникот „Ла република“, 11 италијански клубови бараат и италијанската лига да реагира, барајќи итен состанок.
Клубовите кои се потписници на барањето се Рома, Торино, Болоња, Џенова, Сампдорија, Сасуоло, Специја, Беневенто, Парма, Кротоне и Каљари. Во кампањата не се вклучени Наполи, Лацио, Фиорентина, Аталанта и Верона.