Top Sport

Манџо пред траснфер во Лос Анџелес ФЦ

„Скај Спорт Италија“ тврдат дека напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ, во наредните денови ќе го напушти клубот. Истата информација ја објави на социјалните мрежи и експертот за трансфери, новинарот Џанлука Ди Марзио.

Марио Манџукиќ ги брои последните денови во Јувентус. Хрватот летово одби неколку понуди од Премиер лигата, остана во клубот каде е вистински миленик на навивачите, меѓутоа неговиот статус се смени со заминувањето на Масимилијано Алергир и доаѓањето на Маурицио Сари.

Дека нема да услугите на Манџукиќ нема да му бидат потребни Сари покажа кога не го пријави за настап во Лигата на шампионите. Сари исто така реши Манџукиќ да не патува со екипата на натпреварот во Фиренца, против Фиорентина.

Информациите од Италија говорат дека Манџукиќ и неговите менаџери ги финиширале преговорите со Лос Аџелес ФЦ. Според нив Манџо нема да го чека ниту јануарскиот преоден рок, туку што поскоро ќе се обиде да замине од Торино.

Манџукиќ во наредните два дена би требало да го напушти Торино и да се пресели во Лос Анџелес ФЦ, во редовите на лидерот во МЛС лигата. Доколку трансферот биде реализиран тогаш Манџукиќ во дербито на ЛА ќе го има на спротивната страна Златан Ибрахимовиќ.

Преодниот рок во МСЛ траеше од 9.јули до 7.август, меѓутоа според правилата на ФИФА екипите од американската професионална лига можат да побараат меѓународен сертификат за трансфери (ИТЦ) од претходниот клуб на фудбалерот за да биде реализиран трансферот.

Scroll to Top