Енес Сали доби повик во репрезентацијата на Романија за квалификациските натпревари со Исланд и Лихтенштајн. Сали има има неполни 15 години и тој ќе стане најмладиот дебитант во историјата на романскиот национален тим.
Сали е играч на Фарул од Констанца. Пред еден месец стана најмладиот стрелец во историјата на романската лига. Против Академика постигна гол на возраст од 15 години, шест месеци и 21 ден.
Сали, во минатото бил во школата на Барселона, Ла Масија.
Ромнците сметаат дека пред него е светла фудбалска иднина. Нема да дозволат да игра за некоја друга репрезентација, поради што и ќе добие шанса да дебитира.
Енес Сали е роден во Торонто, Канада, а неговите родители имаат турско потекло.