Top Sport

УЕФА: Судијата Роки го „уби“ Ајакс

УЕФА на годишниот семинар за судии што се одржа во Мајорка признале дека главниот судија Џанлука Роки тешко го оштетил Ајакс во Лигата на шампионите против Челси. Натпреварт на „Стенфорд Бриџ“ заврши со резултат 4:4, иако Ајакс водеа до 63 минута со 4:2. Подоцна се покажа дека поради ова реми Ајакс не успеаја да ја минат во осмина-финалето.

Џанлука Роки на тој натпревар стана ѕвезда во десетина секунди. Во еден ист напад тој најпрвин му го покажа вториот жолт картон на Велтман, а потоа го исклучи и Блинд. Со девтмина на теренот Ајакс не успеаја да ја сочуваат победата.

На семинарот УЕФА признале дека Роки со своите одлуки го „убил“ Ајакс.

„Одлуките во оваа ситуација имаа големо влијание на понатамошниот тек на натпреварот и конечно на нашата позиција на табелата. Болно е кога ќе добиете потврда за нешто во што веднаш сте се посомневале. Во нивниот одговор меѓу другото стои дека надлежните во УЕФА повеќе нема да ги прегледуваат одлуките на своите судии“, рекол функционерот на Ајаксс Едвин ван дер Сар.

Scroll to Top