Top Sport

Великаните Раш и Кантона се согласуваат: Фудбал без навивачи не е фудбал

Ерик Кантона и Јан Раш имаат поделена лојалност, едниот како херој на Манчестер јунајтед, а другиот како рекорден стрелец на Ливерпул, но двајцата се согласуваат дека фудбалот без навивачи не е „вистинското“.

Се очекува речиси насекаде во Европа фудбалските сезони да завршат без публика на трибините, нешто што ги вознемирува двајцата бидејќи навивачите се „клучен дел од фудбалското искуство“.

„Никогаш не сум играл фудбал без публика, така што не знам како е, но не верувам дека би можел да го дадам максимумот. Кога играш пред празни трибини, зошто би бил добар? Не може да се споредува со вистинската работа. Ако Ливерпул дома ја освојат титулата, сакам да бидам таму дури и да сум на два метри од другите. Ако сезоната е поништена, одиме понатаму без да влијае на нас. Без комплетирана сезона нема шанси да има титула“, вели Раш.

Кантона, пак, вели дека е пресреќен од најавите за враќање на фудбалот, но дека тоа не треба да се прави само за ТВ-правата.

„Јас би бил пресреќен ако можеме да го вратиме фудбалот како претходно. Ако почнеме на 17 јуни бидејќи веќе нема проблеми, тогаш ќе биде супер. Но, да се вратиме на фудбалот само за да се исплатат ТВ-правата, не е најдобро, нели? Но, фудбалот без публика не е фудбал. Нема енергија која ви ја даваат навивачите. Сум ги гледам мечевите од ЛШ без публика, со истите фудбалери и истата вредност, но не е исто. Нема страст“, изјави Кантона за „РТЛ“.

Scroll to Top