Top Sport

Лампард вети дека никогаш нема сам да си замине од Челси

Френк Лампард вети дека никогаш нема сам да одлучи да си замине од Челси, и вели дека е подготвен да го изддржи притисокот по трошењето на над 200 милиони фунти во текот на летото.

Лампард стана легенда на „сините“ како фудбалер, но пристигна на „Стемфорд бриџ“ како релативно неискусен тренер, и во првата сезона ги однесе до ФА куп финалето и до топ 4 пласман. По ова следуваше огромното трошење на пари сред пандемијата на КОВИД-19, откако ги доби Тимо Вернер, Каи Хаверц, Бен Чилвел, Хаким Зијеш и Тијаго Силва, но по само четири освоени поени во последните пет меча, притисокот расте.

„Уживам во притисокот. Да не беше така, немаше да се нафатам за оваа работа или ќе си заминев во првата шанса, но тоа нема да го направам никоташ. Првата личност која ми поставува притисок сум самиот јас. Не ми пречи. Можеби мојата сопруга ќе ви каже како реагирам под притисок. Не го клоцајте кучето! Тоа не значи дека сум задоволен. Сега не сум задоволен како минатит месец кога имавме низа од 16 меча без пораз. Тоа е нормално“, вели 42-годишниот Лампард.

Scroll to Top