Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, подготвува целосна реконструкција на тимот во наредниот период, кој веројатно ќе започне со продажбата на Кристијано Роналдо.
Перез, планира да ангажира неколкумина играчи, а најмногу пари планира да издвои за трансферот на српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
„Кориере дело спорт“, денес објави дека Реал на Лацио му понудил сума од 155 милиони евра за трансферот на 23-годишниот фудбалер. Според истиот извор понудата на Реал, на првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, му ја соопштил синоќа менаџерот на фудбалерот Матеја Кежман.
Токму Лотито во изминатиот период изјавуваше дека нема да го продаде Милинковиќ-Савиќ за сума помала од 150 милиони евра, поради што одбил 100 милиони евра од Јувентус.