Она што се најавуваше доби потврда од Атлетико Мадрид,откако тимот го напушти Шиме Врсаљко на „Ванда Метрополитано“ му посакаа добредојде на Колумбиецот Сантијаго Аријас.
Врсаљко, оваа сезона ќе му биде отстапен на Интер за сума од 6,5 милиони евра, а италијанскиот клуб по завршувањето на истата ќе има обврска да го купи Хрватот за 17 милиони евра.
Замената за Врсаљко, Атлетико ја најде во ПСВ Ајндховен. Аријас има 26 години, минатата сезона беше прогласен за најдобар играч во холандското првенство. Во кариерата тој има настапувано за Екидад во Колумбија и Спортинг Лисабон во Португалија.
Аријас со Атлетико потпишал пет годишен договор. Колумбиецот е петтото засилување за Атлетико во овој преоден рок по Тома Лемар, Желсон Мартинс, Родри и голманот Антонио Адан.
Десниот бек ги одигра сите натпревари за Колумбија на Светското првенство во Русија.