Top Sport

4-4-2: Меси е најдобриот во последните 25 години

Реномираниот фудбалски магазин „FourFourTwo“ (4-4-2), ја објави листата на 100 најдобри фудбалери во изминатите 25 години. Преку „Твитер“, весникот ја објави листата со која го најавува својот 300 број, кој во продажба ќе се појави во јуни.

Како што се очекуваше првото место му припаѓа на Лионел Меси, а зад него се Кристијано Роналдо и Зинедин Зидан. Меѓу најдобрите 10, според уредниците на магазинот се Бразилците Роналдо и Роналдињо, францускиот ас Тиери Анри, Шпанците Чави и Андрес Иниеста и Италијанците Паоло Малдини и Роберто Баџо.

Кога станува збор за играчите од Балканот највисоко на листата е Лука Модриќ, на 19 место. На листата уште се сонародникот на Модриќ, Давод Шукер, Бугаринот Христо Стоичков и Романецот Георге Хаџи.

Погледнете ја целата Топ 100 листа во изборот на „FourFourTwo“ (4-4-2).

Scroll to Top