Top Sport

Хет-трик на Пици, Бенфика славаше над Гимараеш (Видео)

Бенфика со победа ја започна новата сезона во португалското првенство. Во првото коло, Бенфика славеше во дуелот со Гимараеш 3:2.

Дуелот мина во доминација на Бенфика, особено во првото полувреме, кога домашниот тим постигна три гола.

Пици погоди за 1:0 по само десет минути игра, потоа Фереира не успеа да реализира пенал, а во периодот од 30. до 38.минута, Пици го комплетираше хет-трикот.

Во вторито дел најпрвин Андраде, во 76.минута, постигна гол, а потоа Селис ги постави конечните 3:2.

До крајот Бенфика успеа да ја задржи стекнатат предност и да ги запише првите бодови во сезоната.

Scroll to Top