Top Sport

Бернардески: Секогаш сум го сакал повеќе Роналдо отколку Меси

Кристијано Роналдо е дефинитивно „најдобриот на светот“, вели неговиот соиграч од Јувентус, Федерико Бернардески, додавајќи дека секогаш го „преферирал“ Португалецот пред Меси.

Последната деценија кај фудбалските фанови неисцрпна е темата околу тоа кој е најдобар на светот, со Роналдо и Меси како главни кандидати. Роналдо ова лето се реши на промени и замина во Јувентус, и еден од најталентираните фудбалери на Јуве, Бернардески е импресиониран.

„Сите го знаеме Роналдо фудбалерот и лично секогаш сум сметал дека е најдобар на светот. Секогаш сум го преферирал пред Меси. Тоа што го дознав откако дојде е дека се работи за исклучителна личност, скромно момче со неверојатен карактер и тоа е заразно. Се сеќавам на финалето на Европското првенство кога се повреди во првото полувреме, но на клупата беше како втор селектор. Јуве секогаш бил клуб со победнички менталитет, но со доаѓањето на Кристијано имаме плус“, вели Бернардески.

Италијанецот вели дека сите во тимот се импресионирани од однесувањето на мега-ѕвездата.

„Видете што се случи против Валенсија – доби црвен картон и плачеше што ја покажува страста и покрај тоа што има пет титули од ЛШ. Тоа не беше фер црвен картон и отидов кај него да му кажам да се смири бидејќи е најдобриот на светот. Тој е совршен пример за сите, останувајќи на своите цели“, додава Бернардески.

Фото: ЕПА

Scroll to Top