Top Sport

Мбапе барал да има поголема плата од Нејмар и приватен авион

Реал Мадрид бил подготвен да издвои 180 милиони евра за Килијан Мбапе во летниот преоден рок, во 2017 година, меѓутоа фудбалерот имал некои лични барања што клубот не сакал да ги исполни, а и неговиот татко Вилфрид, се плашел како тинејџерот ќе се снајде крај Роналдо, Бензема и Бејл.

Потоа Мбапе заврши во ПСЖ за 180 милиони евра, откако Монако најпрвин му го отстапи фудбалерот, а ова лето клубот го откупи неговиот договор.

Инаку и ПСЖ одбиле некои барања на што не се согласиле ниту во Реал. Мбапе барал во договорот да стои клаузула дека тој бара приватен авион и 50 часа летање со леталото во текот на сезоната.

Исто така барал да добие иста плата како и Нејмар доколку ја освои „Златната топка“. Барал и да добие обесштетување доколку ПСЖ добие забрана за настап во Лигата на шампионите.

Реал овие барања ги одбиле, исто како и ПСЖ, меѓутоа клубот од Париз прифатил неколку други барања.

Доколку Мбапе ја освои „Златана топка“, клубот ќе го награди со „чисти“ 500.000 евра, а фудбалерот на сметка на клубот добил батлер, шофер и еден телохранител.

Scroll to Top