Top Sport

700.000 луѓе повеќе не го следат Мбапе на „Инстаграм“

Навивачите на Реал Мадрид тешко ја прифатија одлуката на Килијан Мбапе да го продолжи договорот со ПСЖ. Ден по потпишувањето на новиот договор, 700.000 луѓе престанале да го следат фудбалерот на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Според шпанските медиуми, оваа бројка, наскоро би можела да надмине еден милион.

Сепак, со оглед на тоа дека Мбапе на Инстаграм го следат дури 71 милион луѓе, тешко дека првотимецот на ПСЖ ќе го потресе оваа информација.

Scroll to Top