Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани поради повреда здобиена на синоќешниот натпревар против Летонија нема да биде во составот на нашата репрезентација за пресметката против Словенија.
Фудбалерот од средниот ред има скинато мускулно влакно и поради тоа не е во можност да настапи на натпреварот во Љубљана.
Селекторот Игор Ангеловски нема да повикува друг фудбалер на местото на повредениот Хасани.
Натпреварот од 2. коло од квалификациите за ЕУРО 2020. меѓу Словенија и Македонија се игра на 24. март на стадионот „Стожице“ во Љубљана.