Top Sport

Роналдо ќе плати 11 милиони евра за новиот Бугати (Видео)

Кристијано Роналдо ќе стане сопственик на најскапиот автомобил во светот. За моделот на Бугати „La Voiture Noire“, Португалецот ќе издвои 11 милиони евра.

Ронадо поседува бројни луксузни автомобили, а сума што треба да ја плати за новиот Бугати нема да му претставува никаков проблем, бидејќи месечно на неговото конто се слеваат повеќе пари од платата и спонзорските договори.

Инаку, овој модел Бугати го претстави неодамна на саемот во Женева. Со „La Voiture Noire“, еден од најпознатите брендови за спортски автомобили прославува 110 години од основањето.

Португалецот веќе неколку години снима реклами за Бугати, а во гаражата има повеќе модели од овој бренд. Автомобилот за кој ќе издвои 11 милиони евра е најексклузивниот хипер-спортски автомобил во светот.

Погледнете фотографии од новата „играчка“ на Кристијано Роналдо.

foto/epa

Scroll to Top