Top Sport

Несторовски пред трансфер во Удинезе

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски по две сезони минати во Серија Б, повторно ќе игра во елитната дивизија на италијанскиот фудбал. Според медиумите на Апенинскиот полуостров, Нестровски, кариерата ќе ја продолжи во Удинезе.

„Спорт Италија“, со напомена дека Удинезе и минатото лето го сакале Македонецот во своите редови, први објавија дека Несторовски деновиве треба да потпише договор со екипата од „Фриули“.

Ова значи дека Удинезе ја добиле трката за потписот на Несторовски за чии услуги биле заинтересирани Болоња и Торино.

На „Фриули“ друштво ќе му прави соиграчот од Палермо, Мате Јајало кој веќе се договори со Удинезе.

Несторовски во Италија е од сезоната 2016/2017 кога пристигна во Палермо. Иако две сезони екипата од Сицилија играше во Серија Б тој остана во клубот. Оваа сезона работите се сменија, бидејќи Палермо, поради финансиски малверзации на екс-претседателот Маурицио Ѕампарини, најпрвин беа исфрлени во Серија Ц, но потоа Италијаните решија клубот да остане во Серија Б и наредната сезона да ја започне со минус од 20 бода.

Илија Несторовски за три сезони во Палермо постигнал 38 гола на 91 натпревар.

Scroll to Top