Фудбалскиот клуб Барселона и поранешниот играч на овој клуб, Ерик Абидал, негираа дека екс претседателот Сандро Росел на црниот пазар купил црн дроб за Абидал.
Абидал, кој ја обавува функцијата на технички секретар во Барселона, во 2012 година доби нов црн дроб, откако претходно му бил дијагностициран рак.
Шпанските медиуми сензационално објавиј дека црниот дроб го купил поранешниот претседател, Сандро Росел, на црниот пазар. Инаку, против Росел се води судски процес поради „перење на пари“.
Абидал негира дека такво нешто се случило, а во соопштението вели дека се околу трансплантацијата на црниот дроб било направено според законските процедури.
„Од почит кон моето семејство и кон докторите сакам да упатам извинување за целиот овој метеж кој настана по објавувањето на оваа вест. Мојот роднина Жерар ми го донираше својот црн дроб за да ми го спаси животот. Почитувани беа сите процедури и протоколи, а на располагање е и целата медицинска документација, која тоа го докажува“, пишува Абидал во своето соопштение.
Дека трансплантацијата била извршена според законските норми потврдија болницата во која таа била извршена и Каталонската организација за трансплантација.
Подоцна и портпаролот на каталонското правосудство рекол дека случајот против Росел за „наводно нелегално купување на органи“ бил затворен бидејќи судот немал никакви докази за тоа.
Ерик Абидл шест години го носеше дресот на Барселона, во тој период освои четири титули во шпанскиот шампионат и две во Лигата на шампионите.
Експретседателот на Барса му купил на Абидал црн дроб на „црно“?