Поранешниот дефанзивец на Барселона Ерик Абидал се потсети на расправијата со поранешниот тренер на тимот, Пеп Гвардиола околу тоа кој јазик треба да се зборува на „Камп Ноу“.
Абидал вели дека инцидентот се случил кога „Блауграна“ биле на турнеја низ САД пред стартот на сезоната.
„Од почетокот имавме комплицирани односи. Гвардиола дојде до мене и ми порача да престанам да зборувам на француски со Тјери Анри. Јас му вратив дека не треба да зборува така со мене и дека не сум дете. Ако јас не можам да зборувам француски со Анри, зошто Каталонците зборуваат каталонски меѓу себе. На крајот, ситуацијата отиде дотаму што морав да одам до претседателот на Барселона за да ја објаснам ситуацијата“, открива Абидал во интервју за „Еуропа 1“.