Фудбалерите на Челси со победата во Вотфорд (2:1) ја задржаа третата позиција во Премиер лигата.
Челси до предноста на „Викариџ“ дојдоа во раната фаза на натпреварот. Тами Абрахам одлично реагираше и со лоб удар го совлада Бен Фостер.
До крајот на полувремето Челси имаа уште една добра шанса меѓутоа ударот на Мејсон Маунт заврши во гредата.
Во 55 минута стрелецот на првиот гол му асиситраше на Кристијан Пулишиќ за 2:0. Американецот го постигна четвртиот гол на последните два натпревари.
Вотфорд успеаја да го намалат резултатот во 78 минута кога судијата Тејлор го консултираше ВАР и досуди пенал. Деулофеу постигна гол и ги постави конечните 1:2.
Челси во наредното коло ќе го пречека Кристал Палас, а Вотфорд ќе гостува кај Норич.