Роман Абрамович привремено се повлече, но се чини дека и преговара за дефинитивна продажба на Челси. Навидум е познат и новиот купувач, откриено е со кого води преговори рускиот тајкун.
Се огласи швајцарскиот милијардер Хансјорг Вус кој тврди дека веќе се водат разговори и дека Абрамович сака што побрзо да се ослободи од лондонскиот клуб поради најавените санкции против деловни луѓе блиски до Путин.
Швајцарецот Вус, кој е најбогатиот човек во својата земја, „тежок“ околу 5 милијарди евра, откри дека му било понудено да биде дел од конзорциум вреден околу 2 милијарди евра кој ќе ја преземе контролата врз Челси.
Абрамович одредил цена од околу 2 милијарди фунти, но инвестицискиот фонд наводно чека Русинот да ја спушти цената бидејќи му се брза да го продаде клубот.
Роман Абрамович, кој губи многу пари со падот на акциите, не сака да ризикува и со заплена на имот во Англија.